Колку повеќе си ја цениме и чуваме историјата, толку повеќе се штитиме од сите притисоци и предизвици коишто се пред нас, а ги има. Единственото оружје, со коешто можеме да се одбраниме е токму историската вистина за што сите ние овде сме собрани и се стремиме, изјави претседателот на Социјалистичката партија на Македонија и заменик-претседател на Владата, Љупчо Димовски, во своето обраќање на денешниот научен собир „80 години од победата над фашизмот – Македонија во антифашистичката народноослободителна војна“.

– Навистина ова не е едноставна работа, меѓутоа претпоставувам дека самите професори почувствуваа дека постојат капацитети во партијата коишто се достојни за да организираат еден ваков собир, со обединување на сите историчари да дадат придонес со свој труд во сите овие зборници коишто ги печатиме, коишто ќе останат еден траен белег во работата на нашата партија, ама во исто време и ќе се обидеме во јавноста да ја прошириме вистината за Македонија. Тоа е многу битно затоа што не смееме да заборавиме кои сме, што сме и на тој начин да се обидеме полека да го градиме националното единство што веќе наназад колку години, барем од наша страна, а и од страна на нашите коалициски партнери, заедно ги спроведуваме сите овие, да речам, програмски замисли или државни замисли, коишто и понатаму како што кажав, ќе треба да бидат интензивирани со помош и поддршка на институциите, рече Димовски во обраќањето.

Exit mobile version