Димитров: Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“

 
„Владата во трчање предлага поблаги казни за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злосторничко здружување“ преку измени на Кривичниот законик во постапка со европско знаменце, со што овие кривични дела ќе застаруваат побргу“, пишува на социјалните мрежи доцна синоќа поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров..
 
0Значи ќе ја зацементираат неказнивоста со европско знаменце? Ваква злоупотреба на сѐ “европско” ќе влезе во учебници!
Измените се туркаат на мала врата, покрај други измени за кои се наведува основ во европски директиви, но во образложението за измените нема никакво објаснување за намалувањето на казните за овие две кривични дела.
Од нема правда нема мир, дојдовме до нема казна, нема одговорност, се посочува во неговата објава на ФБ.

06.09.2023 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега