Димитров: Посетата на Фон дер Лејен силен сигнал за потребата од почеток на преговорите со ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров попладнево ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
-Посетата е силен сигнал за потребата од дејствување и исполнување на европското верување: почеток на преговорите. Исчекор ни е повеќе од потребен за да ја вратиме вербата и надежта на младите луѓе во европската идеја и перспективата за европски начин на живот дома, напиша Димитров на социјалните мрежи.
28.09.2021 - 15:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа