Димитров откри како дознал дека нема да биде дел од новата Влада

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа што нема да биде дел од новата влада е резултат на неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија. 

Тој откри и како дознал дека нема да биде дел од новата Влада.

„Прочитав од портали, па дознав од амбасадори, па имав средба со мандатарот Ковачевски, така дознав. Одговорноста значи да бидете гласен внатре. Од друга страна мислам дека има јавен интерес за овие работи да се зборуваат отворено. Чекав бидејќи мислам дека беше важно да не се повлечам самиот. Можеби ќе беше полесно да кажам дека не се гледам во новата Влада, но беше важно мандатарот да каже. За сите работи ќе зборувам отворено, свесен за одговорноста и значењето на прашањето никогаш нема да наштетам, но ќе ја следам работата“, додаде Димитров.

12.01.2022 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега