Димитриевски: Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, симбол за социјална правда, подобар и посигурен живот

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата на Јосип Броз Тито на малиот градски плоштад во Куманово по повод 42 години од смртта на Јосип Броз Тито.

„Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија Jосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување, еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот. Денеска, на одбележувањето 42 години од смртта положивме свежо цвеќе пред неговата спомен плоча на малиот градски плоштад во Куманово. Исто така, почит оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати Здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело“, рече Димитриевски. 

Денеска се одбележуваат 42 години од смртта на Јосип Броз Тито.

04.05.2022 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега