Димитриевски: Од мудрите политики на Киро Глигоров сите ние треба да учиме

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, по повод 105 години од раѓањето на првиот претседател на државата Киро Глигоров истакна дека сите генерации треба да учат, но и да продолжат по визијата на Глигоров, која значи имплементација на политика на мир, рамноправност и соживот.

„Киро Глигоров е првиот претседател на самостојна и независна Македонија кој ја заслужува нашата најголема почит. Поради него, Македонија беше единствената држава од сите поранешни републики на Југославија која без испукан куршум прогласи независност. Неговите мудри политики и големото искуство треба да ни бидат за пример како да ја чуваме и унапредуваме Македонија. На 105 години од раѓањето на првиот претседател Глигоров ја испраќаме пораката дека сите ние треба да продолжиме по неговата визија - политиката на мир, рамноправност и соживот, да одиме по неговите чекори за европска и просперитетна Македонија, со слободни и среќни граѓани“, потенцира Димитриевски.

03.05.2022 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега