Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриевски: Гласајте за бројот 2, за континуитет, за нешто што е конкретно, а не за празни зборови

    Димитриевски: Гласајте за бројот 2, за континуитет, за нешто што е конкретно, а не за празни зборови

    27.10.2025 во 23:29Updated:27.10.2025 во 23:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Резултатите од првиот круг покажаа која е волјата на граѓаните, бидејќи јас имам освоено повеќе гласови од сите мои противкандидати кои се од, условно речено, од македонскиот политички блок, рече кандидтот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на изборното соочување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.

    Прашан од водителот како ја коментира силната поддршка од коалицските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, Димитриевски одговори: „Бпагодарен сум на поддршката од партнерите во Власт, но уште повеќе сум благодарен на поддршката од граѓаните со кои се покажа евидентно нивната желба Куманово да продолжи по зацртаниот пат“.

    Во текот на дебатата Димитриевски потенцираше дека испратил возило и логистичка поддршка за чистење на сметот во Општина Центар како одговор на повикот на ЗЕЛС и желбата да помогне на граѓаните на Скопје:

    „Јас само одговорив позитивно на повикот од ЗЕЛС да пружам помош таму каде што е најургентна, а Скопје се соочува и со можна епидемија поради купиштата смет. Ако се сеќавате, така беше и во минатото кога први притекнавме во помош за време на пожарот во Гази Баба. И, актуелнтата акција беше усогласена на владино ниво – а снимките беа презентирани на јавноста од медиуите“, нагласи Димитриевски.

    Тој наведе дека граѓаните во Куманово знаат дека е човек од збор и дека се што има ставено како ветување во програмата ќе го исполни. Како приоритетни капитални проекти ги наведе изградбата на три детски градинки, три нови кружни текови и целосно средување на централното подрачје на Куманово. Се разбира дека ќе продолжи и ќе го осовремени и надгради бесплатниот превоз кој, како што рече дневно го користат барем 15-16 илјади негови сограѓани. Како и преземање и средување на Пионерскиот дом, по примерот на Спортската сала и Соколаната. Во серијата реплики што ги имаше со својот противкандидат Горан Стојковски Диро, Димитиривски него го нарече кандидат на една истрошена политичко-градежна елита која преку него сака да продолжи со своите бизниси.

    На која, актуелниот градоначалник потенцираше, дека им застанал на патот и не дозволил да продолжат со уништувањето на градот.

    Прочитај повеќе

    СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности

    19.09.2026 во 14:54

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи

    19.09.2026 во 12:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.