Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, упати честитка до сите работници по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Таа истакна дека посветеноста, знаењето и одговорноста на вработените се клучни за развојот на македонското општество.

Димитриеска-Кочоска нагласи дека достоинството на секој човек се гради токму врз неговиот труд.

„Трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и затоа тој претставува темел на секоја напредна и стабилна држава. Секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација“, напиша министерката.

Во својата објава, таа порача дека Владата ќе продолжи со спроведување мерки кои во центарот го ставаат работникот.

Според неа, приоритет останува унапредувањето на работничките права и креирањето нови можности на пазарот на труд.

Министерката повика на заеднички ангажман за изградба на праведна и солидарна држава во која секој граѓанин ќе живее достоинствено.

Exit mobile version