СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против С.Х.(27) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 и против А.Х.(25) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „прикривање“ по член 261, а во врска со член 237 од Кривичниот законик.
На 21.04.2026 во 18:00 часот на ул. „Маршал Тито“ во Струмица, пријавениот С.Х. физички го нападнал Р.Д.Р.(36) од село Мокрино, струмичко, при што му го одзел мобилниот телефон и побегнал.
Мобилниот телефон е пронајден кај второпријавениот А.Х., од кого е одземен и вратен на оштетениот.
- Скопјанец го застанала полиција – Направил хаос
- Скопјe: По полноќ преживеал хорор на улица
- „Тргни ги или ќе ги убијам сите” – Македонец не сакал да чека со возилото па прегазил овци во Италија
- Градејќи ја урнале куќата на Владо Малевски – Обвинение за шест лица за оштетување на културно наследство
- Ќе нема струја до 14:30 – Исклучувања во повеќе делови на Скопје
- Погребан Горан, имаше само 26 години – Семејството скршено од болка
- Ладно утро во Македонија, измерени температурите – УХМР најавува поројни дождови
- ЦУК информира: Каква е состојбата со пожарите во Македонија


