Димитриеска Кочоска кон Бектеши: Во историјата ќе бидете запаметен како најлош министер за економија

Во историјата ќе бидете запаметен како најлош министер за економија, во ваш период има најмало производство на струја, рече Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на партијата на гостување на телевизија 24 обраќајки му се на министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Нема јаглен, која е вашата стратегија. Пет шест години спиете и сега се зборува што ќе прави Владата од наредната година“, посочи Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска зборувајќи за владините мерки, односно дали дадоа ефекти една од нив приватен сектор, јавни претпријатија да поминат на регулиран пазар што значи пониска цена на струја со цел крајниот ефект да биде понска цена на производи, таа рече дека мерката е добра и истата ја бараше и ВМРО-ДПМНЕ.

„Но, нема ефекти од мерката во овој момент бидејќи најголем дел од производите се произведени кога била повисока цената и сега трошат залихи. Проблемот е друг никој не ги зема во математиките, предвидувањата, даночната реформа за која не се знае каква ќе биде и сите го земаат и тоа во предвид. И мислам дека намалувањето на цените нема да оди како што се очекува“, посочи Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека има еден куп трошоци кои треба да се кратат, токму затоа и стопанствениците велат „државата не се грижи за нас, па што да правиме ние посебно кога се е неизвесно“.

12.12.2022 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега