Димитар Апасиев: ЕУ не е единствена алтернатива, има и други иницијативи

 

Сметаме дека преговорите со ЕУ не треба да се прекинат, но во ЕУ треба да влеземе како Македонци. Во меѓувреме се случуваат геополитички тектонски поместувања и ние треба да го фатиме курсот на новиот светски поредок, а во којшто ЕУ ќе биде само слуга на Америка, како што е и сега, вели лидерот на Левица, Димитар Апасиев во разговор за „Гласот на Америка“.

“Има многу повеќе алтернативи и секој свесен политичар треба да ги игра сите алтернативи. Тоа значи дека и европската алтернатива е една од можностите.

Нашиот став е да не се затвора вратата потполно, но и да не се оди со сè на една карта. Тоа е погубен став, погубен став за нашата надворешна политика. Ни треба реконструкција. Но, тие се обидуваат комплетно да дадат сè, a да не добијат ништо. Тука е и тоа што иритира.

Мислам дека во перспектива, децении нанапред, Европската унија нема да биде веќе толку примамлива како што е сега, затоа што на крајот на краиштата ние треба да дадеме сè, а тие да не дадат ништо, и тоа го иритира народот“.

08.07.2022 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега