Државната изборна комисија пред малку на прес-конференција соопшти дека излезеноста на гласачите до 17 часот изнесува 39,28%. До 17 часот вкупно гласале 279.241 лица.

Од Комисијата информираа дека гласањето се одвива мирно и без поголеми неправилности, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот.

Според податоците по општини, излезноста во општина Аеродром е 36%, во Боговиње – 34,53%, Брвеница – 48,78%, Валандово – 53%, Дебар – 35,91%, Дебарца – 51%, Демир Капија – 45%, Карпош – 40%, Кичево – 48%, Конче – 64%, Кочани – 34%, Крушево – 61%, Куманово – 27%, Лозово – 62%, Македонска Каменица – 45%, Македонски Брод – 46%, Струга – 35%, Тетово – 39%, Центар – 39%, Чучер Сандево – 51%, Шуто Оризари – 25%. 

Exit mobile version