Орце Ѓорѓиевски заедно со уште 32 градоначалници кои беа избрани во вториот круг денеска и официјално можат да кажат дека победиле на изборите бидејќи Државната изборна комисија утрово ги објави конечните резултати во оние општини каде што во рокот кој истече вчера попладне не беа поднесени приговори ниту за текот на гласањето ниту пак за сумирањето на резултатите. Сега, сите овие нови градоначлници треба да си ги земат уверенијата од ДИК по што можат да вршат примопредавања на функциите и официјално да си го почнат мандатот.
Денеска попладне во 14 часот ДИК ќе одржи нова седница на која ќе се разгледуваат вкупно поднесени 16 приговори за изборите за градоначалници. Приговорите се поднесени во 3 општини. Приговори за процесот на сумирање и утврдување на резултатите поднел кандидатот за градоначлник на Брвеница кој ги загуби изборите, Хаќим Рамадани. Тој во приговорот навел сомнежи за пропусти во 8 избирачки места.
ВМРО-ДПМНЕ има поднесено приговори за постапката на утврдување на резултатите во Шуто Оризари на 10 избирачки места а на 3 приговори во истата општина поднел и Сојузот на Ромите. И Стевчо Јакимовски приговара за сумирањето и утврдувањето на резултатите во општина Карпош и тоа на 2 избирачки места. Поднесени се и 3 приговори за процесот на гласање на повторувањето на изборите за советнички листи во Шуто Оризари.
Исто така, 4 општини не избраа градоначлник во првиот круг. За нив ќе се организира ново гласање веројатно до крајот на оваа или на почетокот на наредната година.
Актуелно
- Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот
- Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот
- Седум лица повредени во судир кај Желино: Меѓу настраданите и две мали дечиња, возачот на „БМВ“-то со тешки повреди
- Историска исправка на „Св. Апостол Павле“: Аеродромот доби имотен лист по 60 години функционирање без документи
- Со една лиценца покривале 16 клубови: Кривична пријава за фирма од Кадино и нејзиниот управител
- Трагедија во гостиварско: 69-годишник го загуби животот при превртување на трактор
- Димитриеска-Кочоска: Новата 2026 година ја пречекуваме со стабилизирани јавни финансии и поголема економска сигурност
- Обвинение за „испумпани“ 22 милиони евра од буџетот преку фиктивни згради и станови

