Дијаспората нема да гласа на овие избори
На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората.
ДИК апелира до граѓаните да се проверат во Избирачкиот список, односно доколку е потребно, да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.
Државната изборна комисија информира дека заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии увид на своите податоци во Избирачкиот список направиле 4.859 лица.
7 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 5 лица поднеле барање за бришење податоци во Избирачкиот список.
Преку електронски пат, заклучно со 14.3.2024, се провериле вкупно 22.122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, 6 барања за бришење податоци и 10 барања за запишување податоци во Избирачкиот список.
По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, до тој датум се пристигнати вкупно 1.451 пријава, од кои 1.101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработена пријава. Оие податоци се јавно достапни на веб-страницата www.dijaspora.sec.mk“. За да се организираат парламентарни избори во дијаспората, треба да има пријавено најмалку 5355 лица, колку што гласови добил пратеникот со најмалку гласови на последните избори
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа