Детектор анкета: Две третини од граѓаните никогаш не користеле онлајн услуга од државата

Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Додека само 26,5% изјавиле дека ги користеле онлајн услугите на државните институции дури 69,2% никогаш не се обиделе некој документ или услуга да го добијат онлајн. Оние кои користеле онлајн услуги, во огромно мнозинство изразуваат задоволство.

 

Дури 87,4% од анкетираните рекле дека се задоволни од онлајн услугата која ја добиле од државните институции додека само 11,6% велат дека не се задоволни.

Најголем дел од граѓаните или 25,6% велат дека користеле онлајн услуги на Министерството за внатрешни работи. Следи УЈП со 10,6% и катастарот со 7,8%.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

 

19.03.2023 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега