До 11 часот највисока е излезеноста на гласачите во Пробиштип каде гласале 22 проценти од избирачите и во Крушево – 19,92, додека најмала е во општината Сарај со 1,86 отсто.
Во Град Скопје излезноста на гласачите е 8,3 проценти, гласале 35 097 избирачи според податоците добиени од 611 избирачки места односно 89,2 проценти.
Во другите општини до 11 часот излезеноста е следна: Боговиње – 6,67 проценти, Брвеница – 11 проценти, Бутел – 7,34, Валандово – 13,3, Виница – 13,07, Гази Баба – 7,62, Дебар – 6,69, Дебарца – 13,99, Демир Капија – 19, 92, Дојран – 17,43, Долнени – 9,37, Ѓорче Петров – 8,72, Зрновци – 15,89, Карпош – 10,83, Кисела Вода – 10,25, Кичево – 15,32, Кочани – 9,99, Крушево – 19,92, Куманово – 6,42, Лозово – 20,87, Македонска Каменица – 15,05 проценти, Македонски Брод – 13,5, Могила – 10,61, Неготино – 12,86, Пробиштип – 22, Ранковци – 18,29, Росоман – 14,26, Сарај – 1,86, Струга – 8,88, Студеничани – 7,73, Тетово – 8,21, Центар – 10,24, Чешиново-Облешево – 15,46, Чаир – 2,34, Чучер Сандево – 15,85, Шуто Оризари – 5,93 отсто.

