Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван утрово во 5:21 часот во Гостивар и околината.
Епицентарот се наоѓа во подрачјето Тетово – Гостивар, околу 45 километри западно од Скопје, со локална Рихтерова магнитуда ML 2.2, соопштува Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.


