Детали за ужасот во Скопје: Кираџија го убил газдата, му го ранил и малолетниот син
Нови детали за хоророт кој утрово се одвивал во скопското село Волково. Кираџија со неколку истрели го убил сопственикот на куќата во која живеел, а го повредил и малолетниот син на сопственикот, дознава Плусинфо.
Телото на сопственикот на куќата лежело неподвижно и безживотно на скалите, во локва крв. Убиецот се забарикадирал во една од собите, не дозволувајќи ѝ на полицијата да пристапи, а потоа си пукал и се самоубил.
– Неколку истрели ме разбудија од спиење, а веднаш потоа се слушна детски плач и лелекање. Прво помислив дека е некоја детска шега со петарди, но за кратко време ги слушнав сирените на полицијата и на Брзата помош. Кога излегов во дворот, сфатив дека мојот прв комшија е убиен, а неговиот син е повреден во раката и однесен во болница, вели сосед за Плусинфо.
Засега нема официјални информации за мотивот на убиството.
Од МВР најавуваат повеќе детали за подоцна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа