Детали за пукањето во Молдавија: Му одбиле влез во земјата, а долетал од Турција

 

Странски државјанин денеска уби две лица на аеродромот во главниот град на Молдавија, Кишињев a како што пренесуваат светските медиуми, напаѓачот бил придружуван од граничари, кога од еден од нив зел пиштол и убил две лица.

Напаѓачот потоа бил неутрализиран, а специјалците му ставиле лисици, пренесоа агенциите.

„Опасноста во овој момент е отстранета. Агресорот е ранет и се наоѓа на лекување“, соопшти локалната полиција на социјалните мрежи.

Инаку, при пукањето патниците биле евакуирани од терминалот, а летовите беа прекинати.

Агенциите пренесоа дека напаѓачот долетал од Турција и дека пред пукањето му бил одбиен влез во земјата.

30.06.2023 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега