Непознати напаѓачи попладнево пукале во носителот на советничката листа во Општина Липково Зекирија Шахини. Според информациите, тој е застрелан во престрелка пред зградата на општина Куманово. Според очевидци, напаѓачите избегале од местото, пренесува Кумановски муабети.
Шахини е пренесен на скопските Клиники и, според првичните информации, е надвор од животна опасност. Ранет е во ногата. Инаку Шахини е доктор пулмолог.
„Денеска (07.10.2025) во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош“ соопшти МВР.
Полициски службеници излегоа на местото и се работи на расчистување на случајот.

