Детали за превртеното комби кај Струмица: Во него имало мигранти (ФОТО)

Седум мигранти се повредени откако синоќа околу 20:50 часот се превртело комбе со битолски регистарски таблички на магистралниот пат Струмица-Валандово, кај крстосницата за селото Раборци, соопшти портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска.

Возачот на комбето побегнал, а увид на местото на несреќата извршиле полицијата и јавен обвинител.

Во извлекувањето на повредените учествувале и пожарникари од Територијалната против пожарна единица на Струмица, кои употребиле специјални хидраулични алатки за извлекување на патниците.

Ова е втора несреќа за два дена во која учествуваат возила кои превезуваат мигранти. Возач на комбе полно со мигранти завчера предизвика тешка сообраќајка на една од главните улици во градот при што беа повредени поголем број мигранти.

Вечерва (среда) 08.07.2020 година, во 21.30 часот, на регионалниот пат Струмица -Валандово, ТППЕ Струмица со 1ПП возило...

Posted by Пожарникари - Струмица on Wednesday, 8 July 2020

09.07.2020 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега