Детали за ослободувањето на Мијалков: Еднаш неделно ќе се јавува во Судот - ако не се појави му горат 11 милиони евра

 

Мијалков и дефинитивно заминува дома. Како што потврдија од судот, на него му била прифатена гаранција од 11 милиони евра дека ќе биде достапен за судскиот процес кој се води против него. Покрај гаранцијата, Мијалков е должен еднаш неделно да се јавува во Судот а издадена е забрана да му биде издаден пасош.
Мијалков во случајот „Трезор“, со првостепената пресуда е осуден на 8 години казна затвор, а за што Обвинителството предложи да му биде изречен притвор. Во случајот „Таргет – тврдина“, пак,  Мијалков со првостепена пресуда е осуден на 12 години казна затвор, а против него се водат и два други предмета за кои претходно беа определувани други мерки за обезбедување присуство, токму по предлог на Обвинителството.

22.12.2021 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега