Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Деспотовски за СДСМ: Ако не ми се извинат одиме на суд

    Деспотовски за СДСМ: Ако не ми се извинат одиме на суд

    22.01.2026 во 10:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јован Деспотовски побара јавно извинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата.

    „Мене но и на секој социјалдемократ кој се вградил во темелите на најстарата партија во Македонија, ни е доста од лагите, конструкциите и манипулациите на сегашното раководство на СДСМ. Единствен одговорен за незадоволство помеѓу членовите на СДСМ е сегашното раководство на партијата. Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функциониери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и за политиките и одлуките на сегашниот партиски врв“, вели Деспотовски.

    Според него, никој друг освен сегашното раководство нема одговорност за исклучувањето на партијата од клучните процеси во државата.

    „Од неучеството на средба на лидерите на најголемите партии, што е само дистанцирање од сопствената земја и граѓани. Од инаетењето со клучни законски проекти од значење за безбедноста на граѓаните. Ова што се случува одамна ја помина секоја границата на внатрепартиска дебата. Станува збор за свесна клевета и политичка хајка, која нанесува штета не само на моето име и интегритет, туку се гази и угледот на партијата. Партија што низ децениите ја градеа илјадници другари, кои сигурно не сонувале дека нашата СДСМ ќе води дневна борба со медиуми и медиумски работници“, вели Деспотовски.

    Тој додава дека отворањето на внатрешни битки и поделби е политика на сегашното раководство на партијата, кое го применува како метод за опстојување и преживување.

    Деспотовски, исто така, побара и јавно извинување од СДСМ.

    „Доколку веднаш не следи јавно извинување и повлекување на сите лажни и навредливи наводи во серијата соопштенија, ќе бидам принуден да преземам правни чекори за клевета и лична, а потоа и за континуирано нарушување на угледот на СДСМ“, вели Деспотовски и додава дека никој нема право со валкани игри да руши нешто што е создавано со жртва, верба и идеали.

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во декември лани побара исклучување на Деспотовски од партијата, обвинувајќи го за дејствување против интересите на СДСМ и за, како што наведуваат, соработка со политички структури блиски до ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.