Шокантно убиство ја потресе Корзика откако познатиот политичар и поранешен прв човек на фудбалскиот клуб Ајачо, Ален Орсони (71), беше убиен во понеделникот. Нападот се случил во неговото родно село Веро, и тоа во најтрагичниот можен момент – за време на погребната церемонија на неговата мајка.

Обвинителот Николас Септе веднаш отвори истрага, а во случајот е вклучен и специјалниот суд во Марсеј. Ова е крај на бурниот живот на Орсони, кој со децении беше клучна фигура во корзиканското националистичко движење, преживувајќи атентати и години во егзил низ Америка и Европа.

Exit mobile version