Десетгодишнина од смртта на Ким Џонг-ун: Во Северна Кореја забранети алкохол, купување намирници и смеење

 

Северна Кореја утре ја одбележува десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер Ким Џонг-ил, а многу работи ќе бидат забранети за граѓаните во периодот на 11-дневната жалост.

Радио Слободна Азија (РФА) известува дека Севернокорејците мора да се воздржуваат од пиење алкохол, пазарење, па дури и смеење во тој период.

Ким Џонг-ил беше врховен лидер на Северна Кореја од 1994 до 2011 година, кога почина на 70-годишна возраст, а го наследи неговиот најмлад син Ким Џонг-ун.

Иако севернокорејската влада вообичаено одржува десетдневна жалост, оваа година тој период е продолжен на уште 24 часа по повод десетгодишнината од смртта на поранешниот лидер, пренесува Хина.

Во интервју за РФА, Кореец од градот Синуи на североисточната граница изјави дека „за време на периодот на жалост не им е дозволено да пијат алкохол, да се смеат или да се занимаваат со слободни активности". Појасни дека многу активности се забранети, особено на самиот ден на годишнината, кога е забрането дури и купување намирници.

– Во минатото, многу луѓе кои беа фатени пијани за време на периодот на жалост беа апсени и третирани како идеолошки криминалци, рече тој. Тие беа однесени и никогаш повеќе не се видени. Дури и ако член на вашето семејство умре во периодот на жалост, не смеете да плачете.  Луѓето не можат ни да ги прослават своите родендени за времето на жалост.

Друг извор, жител на западната провинција Јужен Хвангхае, откри дека полицијата била однапред предупредена да внимава на луѓето кои се чини дека не тагуваат. – Тие ќе имаат посебна должност да се справат со оние кои го нарушуваат расположението на колективната тага. Тоа е посебна должност на полицијата која трае еден месец. Слушнав дека службениците на редот воопшто не можат да спијат

 

16.12.2021 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега