Денеска вонреден инспекциски надзор во битолската болница, по смртта на 5-годишната Јана

Се врши истрага за причините за смртта на шестгодишно девојче, велат претставници на Клиничката болница во Битола. Тие велат дека за случајот веднаш биле известени обвинителството и полицијата со цел службено да постапат откако во болницата беше регистрирана смрт на шестгодишно девојче донесено од родителите на лекарски преглед.

И од Министерството за здравство за денеска најавувија вонреден инспекциски надзор за овој случај. Обдукцијата на телото на девојчето е веќе завршена, а резултатите се очекува да пристигнат за 10 дена.

Пред два дена во битолската болница почина Јана Христовска, петгодишно девојче кое родителите го донеле на преглед по покачена температура и симптоми на настинка.

24.03.2023 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега