Денеска сончево и топло а од утре промена- викендов пад на температурите

 

Сончево време со мала до умерена локална облачност ќе преовладува денеска во земјава. Синоптичарите најавуваат слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 27 до 34 степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен.

За четврток попладне и во петок се најавува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од државата. Во петок ќе дува засилен северен ветер.

Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2020 - 07:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега