Управата за извршување санкции денеска ќе го официјализира отворањето на новото детско катче во Казнено-поправната установа (КПУ) Идризово.
Катчето е изградено со директна поддршка од Европската унија (ЕУ) и Советот на Европа, како дел од напорите за подобрување на условите во пенитенцијарниот систем.
На настанот се очекуваат обраќања од високи претставници:
- Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов;
- Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Бен Нупнау;
- Раководителот на одделение II од Одделот за соработка на тема полиција и лишување од слобода при Советот на Европа, Донче Бошковски.
Како што информираат од Управата, оваа иницијатива е резултат на соработката со Министерството за правда. Реализацијата е овозможена преку заедничката програма на ЕУ и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, конкретно преку проектот „Јакнење на капацитетите на пенитенцијарниот систем во Северна Македонија“.

