Денеска пресуда за убиството на ракометарот Денис Тот
Во основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата во случајот со ракометарот Денис Тот.
Во случајот обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски се гонат за кривичното дело убиство. Тие се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го претепале до смрт хрватскиот државјанин.
На претходните рочишта обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делото кое што им се става на товар. Одбраната побара ослободителна пресуда за обвинетите бидејќи според нив станува збор за обична тепачка, а не за убиство со умисла.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа