Денеска ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа) и проследени со грмежи и засилен југозападен ветер.
Значајна промена се очекува од утре.
Поради продор на постудена воздушна маса, врнежите на повисоките планини ќе преминуваат во снег.
Во почетокот на следната седмица утринската температура значително ќе опадне.
Нови локални врнежи од дожд се очекуваат од вторник.

