Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најави невреме

 

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени. УВ=5

Во Скопје променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 23 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура.

11.06.2022 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега