Времето денеска променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 16 до 21 степен.
Времето во текот на денот ќе биде променливо облачно, при што претпладне по одделни котлини е можна појава на магла.
Позначајна промена се очекува во попладневните часови и во текот на ноќта, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, а се најавуваат и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од $1$ до $8$ степени, додека максималната ќе достигне од 16 до 21 степен.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а претпладне во делови од котлината е можна појава на слаба магла. Попладне и во ноќта се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5 а максималната ќе достигне до 18степени.
Следува период на променливо облачно време, со појава на утринска магла по одделни котлини.
Во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд. Воедно, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, што ќе услови пад на дневната температура за неколку степени.
Во среда и четврток се очекува претежно стабилно време, додека локални врнежи од дожд повторно се најавуваат во деновите од следниот викенд.

