Денеска ќе се одржи протест во Битола за поддршка на Ламбе Алабаковски

Денеска во Битола ќе има протест како поддршка за пејачот Ламбе Алабаковски, кој е осомничен за палење на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“.

Протестот е закажан за 18 часот, а е во организација на партијата Левица.

Згрозени од неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на фашистичкиот клуб, Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски!

Протестот е закажан за утре, (СРЕДА 08.06.2022 година) пред Полициската Станица во Битола, во 18:00 часот.

Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски.…“, порачаа од Левица.

08.06.2022 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега