Денеска е Свети Апостол Филип: Пред да си легнете вечерва испочитувајте еден обичај

Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. 

Беше женет имаше 4 ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги огранизираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран Филип.

А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше туку и го сведочеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување болни.

Го заврши овој живот мирно и во длабока старост се пресели во радоста на својот Господ.

На денешен ден треба да му се помолите на овој светител со следниве зборови: „Апостоле, Свети Филип, моли го милостивиот Бог прошка на гревовите да им подари на душите наши“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2020 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа