Денеска е роденден на Путин - познато колку години ќе наполни

 


Рускиот претседател Владимир Путин денеска полни 72 години.

Тоа ќе биде 21-ви пат како роденден го слави на највисоката државна функција.

„Како и претходните години, шефот на државата ќе го прослави роденденот на работа. По правило, Путин почнува да добива честитки од странски претставници во вид на телеграми и телефонски повици наутро.

Во првата половина од денот се закажани бројни приватни средби. Во вечерните часови Путин ќе се сретне со шефовите на држави на ЗНД кои се собираат во Москва пред утрешниот самит“, пишуваат медиумите.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин не може да си дозволи ниту еден слободен ден.

„Претседателот и во текот на денот нема фиксно време за работа и одмор. По потреба поднесува извештај и ноќе. Како резултат на тоа, Путин практично деноноќно дежура“, рече Песков.

Во јавноста Путин не зборува за својот роденден.

„Тоа ми е роденден, тоа не е национален празник. Се чини нескромно да се преувеличува важноста на овој настан“, рече Путин, додавајќи дека роденденот го прославува со пријателите и семејството.

07.10.2024 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега