Денеска е Преподобна Теодора: Кои работи жените не треба да ги прават на овој празник

Денеска е Преподобна Теодора.

Преподобна Теодора првин живееше брачен живот. Но, се случи така што самата се излажа, па го измами својот маж со некој друг човек. Уште истата вечер доживуваше силен внатрешен потрес поради погрешниот избор, па го остави домот и мажот, и стапи во машкиот манастир Октодекат под името Теодор.

А додека беше во манастирот, некоја блудница го наклевети овој Теодор пред игуменот дека ја обесчестил, па игуменот ја истера Теодора од манастирот. Блажената Теодора ова го прими мирно и цели седум години се грижеше за детето на блудницата.

Потоа игуменот и дозволи да се врати во манастирот, каде таа проживеа уште две години. По нејзината смрт, игуменот виде дека Теодор е жена. Нему му беше откриен од Бога и нејзиниот таен подвиг. А кога за нејзината смрт дозна и мажот и, и самиот стапи во манастирот Октодекат и остатокот од животот го помина тука. Блажена Теодора се уполои во 490 година.

Денеска не треба да се шие, да се пере и да се постилаат алишта.

Се верува дека девојките кои ќе го направат спротивното ќе останат без среќа и пород, а машките ќе бидат неуспешни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега