Close Menu
    Најново

    Денеска е Обрезание Господово и Свети Василиј Велики

    14.01.2026 во 09:23

    Денеска лидерска средба во Клубот на пратеници: Ахмети, Касами и Апасиев потврдија, Филипче одби

    14.01.2026 во 09:15

    Кочан ладно во Македонија: -7 степени измерени во Скопје

    14.01.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Денеска е Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
    • Денеска лидерска средба во Клубот на пратеници: Ахмети, Касами и Апасиев потврдија, Филипче одби
    • Кочан ладно во Македонија: -7 степени измерени во Скопје
    • Не е ни среќа, ни случајност, туку судбина: Животите на три хороскопски знаци ќе се претворат во луксуз 
    • Многу студено време и утре – од петок пораст на температурите
    • Остварете ги новогодишните планови: Еве 3 совети кои гарантираат дека нема да пропаднат
    • Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска
    • (ФОТО) Се запали стан – едно лице загина, друго е повредено
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Денеска е Обрезание Господово и Свети Василиј Велики

    Денеска е Обрезание Господово и Свети Василиј Велики

    14.01.2026 во 09:23
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Православните христијани денеска го празнуваат споменот на три значајни настани: Обрезанието Господово, празникот на Свети Василиј Велики и почетокот на Православната Нова година. Според јулијанскиот календар, денеска е 1 јануари, ден кога црквата се потсетува на денот кога Божествениот Младенец бил обрезан и го добил името Исус (Спасител).

    Како што е запишано во Евангелието според Лука: „А кога се навршија осум дена, за да биде обрезан Младенецот, Му кладоа име Исус, известено од ангелот уште пред да биде зачнат во утробата.“ Со овој чин, Христос покажал дека примил вистинска човечка природа, а не привидна, како што тврделе некои ереси.

    Денешниот ден е посветен и на Свети Василиј Велики, еден од најголемите столбови на христијанството, познат по својот богословски ум и хуманост. Тој останува запаметен како „пчела на Црквата Христова“, која им дава мед на верните.

    Денеска именден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка и нивните варијанти.

    Популарно

    (ФОТО) Се запали стан – едно лице загина, друго е повредено

    13.01.2026 во 22:13

    Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска

    13.01.2026 во 22:33

    Не е ни среќа, ни случајност, туку судбина: Животите на три хороскопски знаци ќе се претворат во луксуз 

    13.01.2026 во 23:31

    Секој петти Германец размислува да ја напушти земјата

    13.01.2026 во 22:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.