Денес сите ги исфрлаат од исхраната, а најдолговечните луѓе ги јадат секој ден: Овие намирници се извор на здравје!
Сините зони се пет различни заедници распослани ширум светот, за кои заедничко е тоа што имаат најголема концентрација на жители што живеат повеќе од 100 години. Нивната долговечност лежи во специфичниот начин на живот, меѓу другото и во исхраната.
Сините зони детално ги истражил авторот Дан Бетнер, а особено интересна е неговата анализа на различните видови исхрана во секој регион. Имено, како места на кои живеат најдолговечните луѓе означени се Икарија во Грција, Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика. Јасно е дека секое од нив припаѓа на различни култури и поднебја, па невозможно е да се преклопуваат кога станува збор за исхраната.
Сите јадат разновидна храна богата со влакна, зеленчук, овошје, млечни производи и мала количина на месо и риба, но лесно било да се одредат уште неколку важни заеднички елементи. Поточно, вообичаените намирници што ги консумираат.
Имено, додека модерниот свет држи диети исфрлајќи ги јаглехидратите од исхраната, најдолговечните луѓе живеат на нив.
Излегло дека повеќето жители од сините зони обично внесуваат комбинации на здрав скроб. Тоа вклучува цели житарки, мешунки и компир. Зеленчукот бил на второ место за секоја зона, заедно со овошјето, односно сите намирници што се богати со влакна и хранливи состојки од растително потекло.
Важно е да се напомене дека, кога станува збор за јаглехидратите, овие заедници консумираат цели житарки, како зоб, јачмен и кафеав ориз. Лебот содржи цели житарки и главно го печат сами.
Слаткиот компир е основна намирница за заедницата во Окинава. Мешунките, како што се грав, леблебија и леќа, исто така се сметаат за основни намирници за многу други заедници. Во Лома Линда, покрај зеленчук, почесто се консумираат мешунки и производи од соја, додека процентот на житарки во нивната исхрана е значително помал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа