Дендиас: Зоборот „Северна“ треба да го користат и приватни субјекти, па и интернет портали

Напредок има, но новото име треба да го користат и приватни субјекти, па и интернет портали, порача грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на заедничката прес конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој беше во официјална посета на Атина.

„Целосното, конзистентно имплементирање на Договорот од Преспа е начин за обезбедување на напредокот. Две години откако Договорот стапи на сила препознаваме дека има напредок во спроведувањето на промената на името. Но, потребен е поголем напредок, од една страна во користењето на името и терминологиите од сите државни институции и приватни субјекти, вклучувајќи и интернет сајтови, а од друга страна потребен е и прекин на антиквизацијата, отстранување на сонцето од Вергина од сите јавни површини, преименување на патишта и објекти“, кажа Дендиас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2021 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега