Вчера во 19:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка.
За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот. К.Л. била задржана во полициска станица.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Силен земјотрес ја погоди Русија
- Аларм во Романија: Авион Ф-16 испали ракета и собори дрон во близина на Бузау
- СДСМ: Отровот стигна и до Скопје
- Падна снег и на Пелистер
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лаги за водата во Велес со извештај стар година и пол за да креира паника
- Facebook воведува потврда на идентитетот преку видео селфи
- Се качило во училишен автобус да оди во градинка и починало – забележале дури кога отишла мајката да го земе, ужас во Португалија
- Непозната риба каснала турист блиску до брегот, со тешки повреди итно пренесен во болница – хорор на плажа во Италија


