Демири и Д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години
Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска оствари средба со претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров на којашто разговараа за продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години и кои учествуваат во едукација на младите кадри на сите медицински факултети во земјава.
Со оваа иницијатива и прифаќањето на оваа одлука ќе се овозможи континуирана продукција на нови и млади кадри коишто ќе допринесат за зајакнување на здравствениот систем. Младите здравствени работници ќе учат од експерти докажани во својата област по соодветните специјалности со долгогодишно искуство и успех зад себе.
27.03.2024 - 17:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа