Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената, директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев“ – Делчево, спротивно од Законот за работни односи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба“, во периодот од 09.01.2022 до 28.04.2022, по навршување на 67 години старост продолжила со работа, за што по основ на плата и придонеси од плата се стекнала со противправна имотна корист во износ од 401.776 денари и го оштетила буџетот на Јавната здравствена установа.
Актуелно
- Не е ни среќа, ни случајност, туку судбина: Животите на три хороскопски знаци ќе се претворат во луксуз
- Многу студено време и утре – од петок пораст на температурите
- Остварете ги новогодишните планови: Еве 3 совети кои гарантираат дека нема да пропаднат
- Ахмети: Јас сум сериозен човек – ќе одам на лидерска
- (ФОТО) Се запали стан – едно лице загина, друго е повредено
- Секој петти Германец размислува да ја напушти земјата
- Втора рунда на Австралија опен: Ѓорческа ја има Словенката за ривалка
- Каја Калас: Падот на иранскиот режим не гарантира подобра иднина

