Дел од жителите на населбата Волково денеска ќе се соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Прекинот е планиран за периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Станува збор за корисниците лоцирани на улицата „95“ во Волково.
„Како што соопшти Регионалниот центар за кризи на Град Скопје, прекинот со електрична енергија е поради зафати во електродистрибутивната мрежа“, се наведува во официјалното известување.
По завршување на техничките интервенции, снабдувањето со струја ќе биде нормализирано.

