По потпишувањето на Спогодбата за отворање претставништво на Европската инвестициска банка (ЕИБ) во Скопје, потпретседателот Роберт Де Грот истакна дека овој чин не е само формалност, туку и „нова одредница“ која е дел од пристапното патување на Северна Македонија кон ЕУ.

Де Грот потврди дека ЕИБ е активна во земјата од 1991 година, со договорени инвестиции од над 1,6 милијарди евра за поддршка на економијата, инфраструктурата и малите и средни претпријатија (МСП).

Отворањето на претставништвото, кое е во план од 2022 година, ќе овозможи портфолиото на ЕИБ да расте „во согласност со приоритетите на Владата“. Де Грот нагласи дека соработката ќе продолжи со силен интензитет во повеќе области: како енергетиката, транспорт, поврзување, транзиција кон обновливи извори на енергија.

Потпретседателот на ЕИБ нагласи дека Банката, како дел од Тим Европа и Новиот план за раст на Европската комисија, е подготвена да испорача проекти со силно влијание кои ќе промовираат одржлив развој, поврзување и зелена транзиција.

„Уверен сум дека заедно може да изградиме посилна, поцврста иднина за Северна Македонија и да помогнеме на вашиот пат кон пристапување кон ЕУ,“ заклучи Де Грот.

Exit mobile version