Дамите во виолетово, ракавиците на Берни Сандерс и Лејди Гага- кој се му го „украде“ шоуто на Бајден за време на инаугурација (ВИДЕО)

 

Ракавиците на Берни Сандерс, Лејди Гага која ја пее американската химна и дамите во виолетова боја му го „украдоа шоуто“ на Џо Бајден за време на неговата претседателска инаугурација.

Додека целиот свет ја гледаше смената на американскиот „трон“, најимпресивен кај корисниците на социјалните мрежи беше Берни Сандерс, односно неговите ракавици.

Сенаторот и несудениот претседателски кандидат се појави во лежерна, секојдневна комбинација, што многумина ги потсети на пензионери на прошетка, но вистински хит беа неговите ракавици.

Огромните шарени волнени ракавици, кои ги имаше на рацете, не ги пропутија корисниците на социјалните мрежи, па затоа постојано се споделуваа, а сликата на Берни како седи на инаугурацијата стана интернет „мим“.

Претходно, големо внимание привлече изведбата на Лејди Гага, која ја пееше американската химна за време на инаугурацијата, користејќи златен микрофон.

Така, некои коментираа дека „инаугурацијата беше закажана за концертот на Лејди Гага“.

Модните детали беа во центарот на вниманието, а се истакнаа Камала Харис, Хилари Клинтон и Мишел Обама, кои носеа виолетови комбинации.

Младата поетеса Аманда Горман, најмладата што некогаш одржала говор на инаугурациите на претседателството, исто така стана популарна на социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега