Дали изборите во Гостивар може да го означат и официјалниот крај на коалицијата која орбитира околу ДУИ е прашањето на кое веројатно одговорот ќе дојде брзо, особено ако се знае дека собранискиот Претседател Африм Гаши денеска и официјално ги распиша повторените локални избори во четирите општини кои не го стигнаа цензусот по првиот круг.
Тоа значи дека почнуваат да течат и роковите меѓу кои и оние за кандидирање на кандидати што веројатно ќе го даде и одговорот за соработката внатре во ДУИ, пред се онаа со Арбен Таравари кој непосредно пред локалните избори си замина од Владата и се приклучи на опозицијата.
По пропаднатиот изборен процес во Гостивар каде кадарот на Таравари се обидуваше да го задржи мандатот кој лично Таравари му го остави кога замина во Владата, извори од ДУИ не ја исклучуваат можноста и тие да предложат свој кандидат во оваа општина. Тоа дефинитивно ќе значи силен удар за Таравари кој ќе остане практично без речи си никаква власт. Тоа би можело да биде сигнал и за дел од неговата пратеничка група по што некој од пратениците може да прелета во јатото на власта.
Неодамна дојде и оставката на Лога, која како што тој рече доаѓа од лични причини по што тој се повлече од сите места во партијата. Иако причините се можеби лични, факт е дека оставката доаѓа по катастрофата на локалните избори по кои ниту една партија од коалицијата на ДУИ не доби градоначалник.
ДУИ најави конгрес пред крајот на годината по кој најавува промени во раководството, но тие веројатно нема да го опфатат Ахмети. Останува отворено прашањето дали покрај промени во раководството ДУИ ќе мора да се соочи и со промени во коалицијата.
Актуелно
- Тешка сообраќајка во Скопје: 16-годишник со „голф“ прегази пешак
- (ВИДЕО) Нов лик на влезот во Скопје: Осветлени натпатниците „Дијамант“ и „Маџари“
- Кривична за струмичанец: Со месеци вознемирувал и се заканувал на две жени преку социјалните мрежи
- Алармантен раст на грипот: Една жртва во Скопје и над 2.300 новозаболени за само една недела
- ЈСП со важна информација за пензионерите и студентите – бесплатните билети ќе бидат автоматски блокирани
- (ФОТО) Срушена дивоградба во Јурумлери – Стефковски порача дека нема компромис со законот
- Тепачка кај Бит Пазар: Петмина приведени по сообраќајна расправија, меѓу нив и италијански државјанин
- Крвава драма во Гази Баба: Со остар предмет ја нападнал партнерката во нивниот дом

