Дали е на повидок нова романса: Бред Пит и Емили Ратајковски

Холивудскиот актер Бред Пит, наводно, сè повеќе време поминува со 31-годишната манекенка Емили Ратајковски.

Но, Бред (58) и Емили не се официјално во врска, изјави извор за „Пејџ сикс“ во понеделникот.

Инсајдерот додаде за порталот дека фановите „треба да бидат во тек за тоа како ќе се развива нивната врска“.

„Луѓето шпекулираат за ова подолго време. Бред ретко излегува и официјално нема нова девојка. Тој и Емили беа видени неколку пати заедно“, додаде изворот.

„Пејџ сикс“ не откри каде точно поминуваат време заедно, но Бред беше во Париз во неделата (25 септември), а Емили минатата недела отпатува од Њујорк во Италија на модна ревија.Од минатата недела на социјалните мрежи се шпекулира дека се пар во рана фаза.

Во август, магазинот „ОК“ објави дека Бред се зближува со Емили, пренесувајќи тврдење дека ја прашал дали сака да излезат на вечера и таа одговорила да.

27.09.2022 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега