Close Menu
Press24
    Најново

    Српски авион над Косово – Детали за летот кој го привлече вниманието на јавноста

    17.03.2026 во 20:39

    Зеленски испрати над 200 украински војници испратени на Блискиот Исток, тие имаат само една задача

    17.03.2026 во 20:25

    (ФОТО) Пристигна третиот лет со македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток

    17.03.2026 во 20:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Српски авион над Косово – Детали за летот кој го привлече вниманието на јавноста
    • Зеленски испрати над 200 украински војници испратени на Блискиот Исток, тие имаат само една задача
    • (ФОТО) Пристигна третиот лет со македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток
    • Хаос на границите: Над 800 возачи вратени од Шенген зоната
    • Иран го нападна Израел со ракети кои летаат 12.000 км/ч
    • Хорор на Халкидики: Череп и човечки коски пронајдени во вештачкото езеро на хотелот Ситонија
    • Тага: Фудбалер почина неколку дена пред неговиот 22-ри роденден
    • Трагедија на градилиште во Австрија: Се урна скеле и бетон врз работници, загинаа четири лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Дачиќ за можните причини за превртениот автобус: 69-годишниот возач добил уверение без рок

    Дачиќ за можните причини за превртениот автобус: 69-годишниот возач добил уверение без рок

    18.10.2025 во 13:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Возачот на автобусот што вчера, 17 октомври, се преврте кај Сремска Митровица, имал лекарско уверение со неограничен рок на важност, потврди српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ. Тој истакна дека според првичните наоди на сообраќајната полиција, причината за несреќата била неприлагодената брзина, јави српски Курир.

    „Три лица го загубија животот. Во возачот имало повеќе од 80 патници, 57 се повредени, а седум или осуммина се во тешка состојба, но стабилни. Тоа е страшна несреќа. Како што ми кажаа од полицијата, виновен е возачот, поради неприлагодена брзина. Сега тоа треба да го утврди истрагата“ изјави Дачиќ.

    Српскиот министер додаде дека случајот отвора сериозно прашање околу старосната граница на возачите и системот на издавање лекарски уверенија.

    „Треба да се испита како човек на 69 години добил продолжување на уверение без рок. Како и зошто, тоа нека го утврди истрагата“ нагласи Дачиќ.

    Меѓутоа, најтешките последици од оваа трагедија ги чувствуваат семејствата на настраданите, додаде тој.

    Директорот на Општата болница во Сремска Митровица, Војислав Мирниќ, потврди дека во установата се примени 39 повредени лица, од кои седум се на Одделот за интензивна нега.

    Од утринава нема промени во состојбата на најтешко повредените. На Одделот за општа хирургија има 13 пациенти кои се подготвени за отпуст, а неколку веќе се пуштени дома. На ортопедија двајца пациенти се стабилни и исто така ќе бидат отпуштени – изјави Мирниќ за Курир.

    Српската полиција го обезбедила местото на несреќата и спроведува истрага за техничката исправност на автобусот, како и за можните пропусти во надзорот на возачките уверенија.

    Популарно

    Ќе нема струја до 16 часот – Најавени исклучувања во повеќе скопски населби и села

    17.03.2026 во 08:24

    Полицаецот кој ја загуби ќерката во Пулс со потресна исповед: „И ја видов кондурата, па ја видов Стефанија како лежи”

    17.03.2026 во 10:20

    Маларија во Македонија: Патници од Скопје и Куманово се вратиле заразени од Африка

    17.03.2026 во 18:01

    Внимавајте ако патувате: Снежен колапс во делови од регионот

    17.03.2026 во 18:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.