Да се обединиме околу Гоце Делчев, порачува Мицевски- за Петров декларацијата е погрешен потег

„Декларацијата за Гоце Делчев е поднесена со намера да биде поддржана и тоа да бидат црвените линии покрај Резолуцијата која ја изгласавме во Собранието.  Поучени од минатото сметаме дека треба и околу ова прашање да имаме е заеднички став по однос на отворените преговори со Софија да не се оди надвор од тие црвени линии, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Никола Мицевски во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за во Собранието да се изгради став за најголемиот македонски деец врз кој се врзува историјата и тоа да биде одредување на крајните линии и граници.

Во Истовреме Андреј Петров членот на Извршен одбор на СДСМ во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма рече дека Декларацијата за Гоце Делчев е непотребен популистички и погрешен потег, затоа што ние имаме Резолуција донесена со консензус во Собранието и која има обврзувачко дејство врз Владата во водењето на преговорите.

08.02.2022 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега