Во Собранието на Република Северна Македонија, на 5 октомври 2026 година, се одржа едукативната активност „Имам став!“, со која беше одбележан Светскиот ден на наставниците и започна новата сезона на програмата. На настанот учествуваа пратеничките Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ, Сања Лукаревска од СДСМ и пратеникот Амар Мециновиќ од Левица, како и преку 30 наставници од дваесетина средни училишта.

Настанот го отворија Златко Атанасов, раководител на Парламентарниот институт, и Иванка Василевска, претседателка на Комисијата за образование, наука и спорт. Во симулацијата учествуваа ученици од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје, победници од претходната сезона на „Имам став!“.

Преземајќи ја улогата на пратеници, учениците дискутираа на темите ментално здравје, булинг и невработеност, со фокус на предизвиците со кои се соочуваат младите. Организирани во три групи, тие ги претставија своите ставови и предложени решенија во симулирана парламентарна расправа, покажувајќи вештини за јавно говорење, аргументирање и почитување на различните мислења.

Exit mobile version